Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Вокер по жестокиот старт врз Силва заработи црвен картон, Гвардиола со бесна реакција (Видео)

Објавено

на

Фудбалерите на Манчестер Сити на вчерашниот натпревар против Ред Бул Лајпциг во Лигата на шампионите го забележаа само вториот пораз (1:2) во последните 23 натпревари во групната фаза од најелитното европско натпреварување.

За „граѓаните“ поразот не значеше ништо затоа што и пред овој натпревар веќе го имаа обезбедено првото место во групата, но она што му засмета на Гвардиола по крајот на натпреварот е однесувањето на еден од најискусните фудбалери на клубот.

Имено, Кајл Вокер со несмасен старт го фаулираше Андре Силва и зработи директен црвен картон што значи дека нема да биде во комбинација за настап за почетокот на нокаут фазата.

Тоа го налути Гвардиола кој ќе остане со Жоао Кансело за следниот предизвик во Лигата на  шампионите.

– Што се однесува до натпреварот, задоволен сум само со второто полувреме, не толку со првото, генерално ни недостасуваше добар пас на целата средба.

– Она што не ми се допаѓа е црвениот картон на Вокер, го доби оправдано и тоа ни прави сериозни проблеми за осминафиналето. Кај Вокер е важен играч за нашиот тим и непотребно е да го изгубиме на таков глупав начин. Се надевам дека ќе научи нешто од ова, -изјави Гвардиола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни