Поврзете се со нас

Англија

Вокер откри кој англиски великан силно го посакувал пред да потпише за Сити: Историјата можеше да биде поинаква

Објавено

на

foto:twitter.com/ManCity

Кајл Вокер ја почна осмата сезона во Манчестер Сити и веќе е жива легенда на клубот од „Итихад“, не само поради статусот на капитен, туку и поради трофеите кои ги освои под водство на Пеп Гвардиола.

Десниот бек прерасна во еден од најдобрите дефанзивци во соработка со шпанскиот стручњак и освои шест титули во Премиер лигата, но исто така го дочека и шлагот на тортата со освоениот трофеј во Лигата на шампионите.

Интересно, овие големи успеси можеле да имаат и сосема поинаква историја ако се решел за поинаков чекор во 2017-та година, бидејќи самиот Вокер сега признава дека бирал од понудата на Манчестер Сити и Челси.

– Во времето пред да потпишам за Сити, Челси беше клубот кој дефинитивно ме сакаше во својот тим. Сепак, годините кои ги минав во директна борба против нив како играч на Тотенхем, направија да не бидам нивен голем фан.

– Имав голем респект за Тотенхем и навистина не сакав да станам следниот Сол Кембел. Навистина не сакав да го направам тоа и среќен сум со изборот кој го направив, бидејќи историјата можеше да биде навистина поинаква – вели Вокер.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни