Вокер не се откажува: Разликата е голема, ама Сити ќе се бори…

kyle-walker

Манчестер Сити запиша уште еден непријатен резултат и тоа пораз од градскиот ривал Манчестер Јунајтед од 2-1, па сега има дури 14 бода помалку во однос на лидерот во Премиер лигата, составот на Ливерпул.

Ама без разлика што разликата е голема клубот од „Итихад“ нема намера да се откаже од трофејот и има намера да се бори за се додека постојат било какви шанси за истиот.

-Знаевме дека имаат брзи играчи во брзите делови-Марсијал, Рашфорд и Џејмс. Тие се добри на контра напади. Тоа го знаевме, ама добро не се справивме. Голема разлика, тоа го знаеме, ама мора докрај да се бориме. Не е готово додека не е готово. Ќе се обидуваме како тим, -порача Кајл Вокер.

Facebook Коментари