Поврзете се со нас

Англија

Вокер не го сака Арсенал: Ако не сме ние, титулата нека заврши кај Ливерпул!

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Кајл Вокер седна на маса со Рио Фердинанд и даваше одговори на разноразни теми кои ги започна легендарниот стопер на Манчестер Јунајтед, па иако во фокусот се најде дербито против Ливерпул, искусниот десен бек беше подготвен да даде искрено мислење и за шампионската трка.

Фердинанд го запраша Вокер дали има одредени симпатии кон двата директни ривали на Сити за титулата, а поранешниот бек на Тотенхем призна дека има повеќе причини поради кои никако не сака трофејот да заврши кај Арсенал.

– Арсенал ни го зема помошникот во Сити (Артета) и го постави за свој менаџер, а потоа ги зема и Зинченко и Жезус. Мора да се признае дека сега се многу добар тим. Не победија на првиот меч на „Емирејтс“ и тогаш победи подобриот тим.

– Но, сега тие треба да дојдат на „Итихад“, треба да дојдат на „Итихад“ и ќе видиме како ќе пројдат, – вели Вокер и додава.

– Ливерпул или Арсенал? Тешко ми е да кажам, но едноставно не сакам Арсенал да освои поради мојата врска со Тотенхем. Ако не сме ние, титулата нека оди кај Ливерпул. Се уште имам симпатии кон Тотенхем, едноставно не го сакам Арсенал, – признава англискиот репрезентативец.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни