Поврзете се со нас

Италија

Вокер: Ми здодеа да играм против истите играчи во Премиер лигата

Објавено

на

Foto:x.com/acmilan

Кајл Вокер се реши да излезе од комфорната зона и да направи трансфер кој малку кој го очекуваше, и тоа на средина на сезоната во која Манчестер Сити го игра убедливо најлошиот фудбал.

Капитенот на англискиот првак побара да му биде дозволен простор за заминување и клубот воопшто не го задржа во обидот да си ја исполни својата желба, па откако комлетираше трансфер во Милан, полека се адаптира на новите услови, но и на новата средина.

Вокер во најновото интервју за „Џи-Кју“ магазинот проговори за своите први недели во Милано, но и за една од главните причини поради кои ја напуштил Премиер лигата.

– Први две седмици во Милано се фантастични за мене. Фановите се извонредни, а храната е неверојатно добра. Времето може малку да се поправи, се уште не е сончево како што мислев. Сепак, ќе почекам да март, но уживам и без сонце во Италија.

– Италија ми дава нова смисла за живот, а така можам да се концентрирам само на фудбалот и да се вратам на старата љубов. Не велам дека ја загубив љубовта кон фудбалот, но ми стана малку здодевно да играм во Премиер лигата против истите играчи после се што освоив. Потребно ми беше нешто што ќе ја поттикне љубовта која ја имам кон фудбалот, – вели Вокер.

 

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни