Италија
Вокер ја испрати првата порака до „росонерите“ како играч на Милан (Фото)

Милан се покажа како клуб кој најмногу го посакува Кајл Вокер во своите редови и прилично брзо успеа да го убеди десниот бек да пристигне на „Сан Сиро“, откако сосема неочекувано самиот пројави желба да го напушти Манчестер Сити.
Искусниот десен бек после долги години почувствува потреба да ја промени средината, па иако првично се шпекулираше за преселба во Саудиска Арабија, на крајот тој ја прифати единствената понуда која ја имаше од Европа.
Вокер останува составен дел од европскиот фудбалски крем и за првпат ќе се испроба во Серија А, а со оглед на квалитетите кои ги поседува, се очекува да биде огромно засилување за вториот дел од сезоната.
Кајл првично доаѓа како позајмен фудбалер до крајот на сезоната, но Милан како клуб ќе има право целосно да го откупи договорот за симболична цена.
Вокер во Милан ќе го носи дресот со број 32, а откако беше промовиран, ја испрати и првата порака до „росонерите“.
– Здраво Милано, пресреќен сум и горд што потпишав за Милан! Станува збор за клуб со богата историја, клуб кој го следам од дете. Чест е што станав дел од него и не можам да го дочекам моментот да го облечам дресот на „росонерите“ и да стартувам со тимот, – порача Вокер.
-
НБА15 часа
Најавите се остварија: Богдановиќ ја замени Атланта со Лос Анџелес
-
Шпанија23 часа
Марсело со емотивно видео објави крај на кариерата: Мадридизмот не се опишува со зборови
-
Евролига24 часа
Обрадовиќ во елемент: Немој да те удрам со таблава по глава….. (Видео)
-
Англија14 часа
Ливерпул го уништи Тотенхем и ќе се бори за трофејот во Лига Купот (ВИДЕО)
-
Англија23 часа
Јоро откри каква Ватсап подготовка добиваат дефанзивците од Аморим пред секој натпревар на Јунајтед
-
Франција20 часа
Луис Енрике: Ви реков дека ќе бидеме подобри во одбрана и во напад без Мбапе!
-
Италија14 часа
Шампионот настрада на „Артемио Франки“: Фиорентина го потопи Интер во продолжениот меч во Серија А (ВИДЕО)
-
Шпанија5 часа
Ханси Флик за една своја ѕвезда: Тој не се споредува со ниту еден друг играч во светот