Англија
Вокер испрати сериозен „рафал“ поради заканите кои ги доби, Сити застана зад својот капитен (Фото)
Манчестер Сити влезе во резултатска криза каква што не се памети во поновата ера на англискиот шампион, па иако овој тим на Пеп Гвардиола донесе безброј радости за навивачите на клубот, има такви кои многу брзо ги заборави сите убави спомени.
Најновиот пораз од Јувентус во Лигата на шампионите донел најголеми главоболки за искусниот Кајл Вокер, кој сега реши јавно да долови какви пораки добивал во текот на изминатото деноноќие.
Десниот бек на Сити како еден од капитените доби најниска оценка за изданието во Торино, но сепак не заслужува закани и пораки какви што добил на социјалните мрежи.
– Никој не смее да биде мета на расистичка и заканувачка злоупотреба каква што доживеав јас по крајот на вчерашниот меч. Инстаграм и властите мора да го спречат ова за доброто на сите кои трпат вакви омаловажувања. Ова е неприфатливо. Мојата порака до навивачите е следна: Ќе продолжиме да работиме како тим за да се подобриме и за да направиме пресврт на оваа ситуација, – гласи објавата на Вокер, на која има споделено една од добиените пораки.
Манчестер Сити како клуб веднаш реагираше и застана зад својот капитен, јасно потенцирајќи дека ги осудува ваквите постапки на фановите и дека е против секаков вид на дискриминација во фудбалот.
— Kyle Walker (@kylewalker2) December 12, 2024
Manchester City strongly condemns the racist abuse that Kyle Walker was subject to online following last night’s fixture.
— Manchester City (@ManCity) December 12, 2024
-
Светски првенства18 часа
Австрискиот селектор Пајовиќ пред дуелот со Македонија: Имам добро чувство
-
Светски првенства17 часа
Одработен завршниот тренинг пред Австрија: Лазаров ги пренесе идеите, ракометарите треба да ги спроведат на дело (Фото)
-
Англија17 часа
Историски трансфер: Гвардиола доби нов стопер вреден 50 милиони евра (Фото)
-
Англија19 часа
Аморим откри каква кратка порака добил од Фергусон при средбата на теренот
-
Шпанија20 часа
Симеоне „ископа“ изјава на Анчелоти во која Италијанецот зборува за судиски одлуки во корист на Реал (Видео)
-
Светски првенства5 часа
ИХФ треба да измисли фер-плеј награда за Де Варгас: Шпанскиот голман воодушеви со својот потег на СП (Видео)
-
Шпанија23 часа
Голем предизвик за Димитриевски и Валенсија во четвртфиналето во Купот на Шпанија
-
Свет19 часа
Ривалдо му одговори на Нејмар: Никој не можеше да игра на мое место (Фото)