Поврзете се со нас

Англија

Вокер има само една понуда од европски великан, но и уште неколку од Саудиска Арабија

Објавено

на

foto: x.com/ManCity

Пеп Гвардиола вчера испорача неочекува „бомба“ по убедливата победа која ја оствари Манчестер Сити во ФА Купот, откривајќи им на новинарите дека капитенот на неговиот тим побарал да си замине во јануарскиот преоден рок.

Шпанскиот стручњак обелодени дека Кајл Вокер почувствувал потреба да ја напушти средината и тоа лично му било соопштено на фудбалерот, по што повеќе од јасно е дека Манчестер Сити како клуб сега ќе се обиде да му ја исполни желбата на бекот кој одбележа една ера на „Итихад“.

Гвардиола е познат како тренер кој ги остава вратите ширум отворени за сите оние кои веќе не се чувствуваат дел од проектот, па така ќе биде ситуацијата и со Вокер кој сега заедно со своите агенти ќе мора да реши важно прашање.

Во прв момент, англискиот репрезентативец има понуда од Милан кој е подготвен да преговара со дефанзивецот за премин во италијанската Серија А, но тоа не е единствената солуција за елитниот бек.

Како што јавуваат англиските медиуми, Вокер на маса има и неколку богати понуди од Саудиска Арабија, па останува самиот да одлучи дали ќе замине на егзотично патување кое ќе му донесе огромни пари, или ќе остане дел од европскиот крем и ќе направи трансфер во друг клуб од топ 5 лигите на стариот континент.

 

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни