Поврзете се со нас

Свет

Вокер и Мело се фатија за гуша по победата на Сити во Џеда (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/SC_ESPN

Манчестер Сити го надигра Флуминенсе и со чисти 4-0 дојде до трофејот на Светското клупско првенство што се одржа во Саудиска Арабија.

„Граѓаните“ во двете полувремиња дадоа по два гола и со тоа дојдоа до титулата која им недостасуваше во нивните витрини, односно ова беше петти пехар во 2023 година.

Иако победникот одамна беше познат, односно се беше решено по последниот судиски свиреж дојде до тензија, инцидент во кој главни актери беа Кајл Вокер и ветеранот Фелипе Мело.

Мело и на 40 години знае да „откачи“ и да се закачи со противниците, па така беше и овојпат со тоа што другите играчи спречија поголем конфликт.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни