Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Вокер: Гвардиола не е виновен за поразот на Сити во финалето на ЛШ

Објавено

на

Манчестер Сити не успеа на перфектен начин да ја заокружи оваа натпреварувачка сезона, поточно да испише нова историја и да слави во финалето на Лигата на шампионите.

„Граѓаните“ во големото финале загубија од Челси со 1-0 и тоа во меч во кој не успеаа да се наметнат, да бидат свои и со тоа да ја освјат најважната титула во фудбалот. Добар дел од јавноста го посочи тренерот Пеп Гвардиола како главен виновник за неуспехот затоа што одлучи да менува и да игра без дефанзивен играч за врска.

Критики за Шпанецот стигнаа и од неговите колеги како Луи Ван Гал и Лотар Матеус, но во одбрана на Шпанецот застана дефанзвиецот Кајл Вокер кој порача:

-Видете, луѓето можат да зборуваат. Видов неколку работи или моите пријатели ми пишуваа за тактиката, лично, ова, она и останато. Ова е фудбал, во 95 минути се може да се случи. Очигледно, сакавме резултатот да се биде во наша корсит, менаџерот или кој и да е ги селектира оние за кои смета дека можат да го донесат најдобриот резултат. Кога ќе погоди никој ништо не кажува, ама кога ќе згреши или кога мислат дека згрешил, луѓето ги преиспитуваат работите.

-Мислам дека понекогаш е нефер кога Манчестер Сити нема да победи тогаш тоа е тактика или можеби играчи на теренот, ама ние требаше да сториме повеќе и тоа е едноставно. Мислам дека не создадовме доволно во играта и мислам дека не зборувам само од мое име, верувам дека секој можеше да каже на теренот, -порача Вокер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни