Англија
Вокер го издвои најужасниот противник во Премиер лигата: Мразев да играм против него
Кајл Вокер со години наназад важи за еден од најдобрите десни бекови во светот, а ако треба да се издвои една карактеристика која го издвојува од останатите дефанзивци, тоа е брзината која ја поседува.
Страшната агилност прави Вокер да биде ноќна мора за најдобрите крила во Англија и Европа, па моќта на десниот бек ја почувствува и играч како Винисиус Жуниор во минатогодишното полуфинале во Лигата на шампионите.
Вокер во денешниот разговор со Рио Фердинанд нагласи дека ужива да игра против брзи фудбалери како Винисиус, но призна дека најтешко му е да се справи со паметни фудбалери кои ја користат техниката и главата.
Запрашан да го издвои играчот против кој најмногу се мачел во Премиер лигата, Вокер го издвои поранешниот играч на Арсенал и Манчестер Сити, Самир Насри.
– На времето го мразев Насри, навистина мразев да играм против него. Тој знаеше да игра на мал простор и тие паметни играчи се најнезгодни за чување. Ставете ме 1 на 1 против било кој играч во светот, но оние кои играат на мал простор се најнезгодни.
– Секогаш го користеше Гаел Клиши за преклопување. Ако тргнев на него, знаев дека ќе го оставам Клиши празен, – објасни Вокер, кој беше надополнет од Фердинанд.
– Целосно ми е јасно што ми зборуваше и го разбирам тоа. Играчите кои не беа толку брзи беа и мојот најголем проблем. Бергкамп, Раул, Ѕола. Играчи кои знаат да изиграат на мал простор и кои те привлекуваа да излезеш од своето место, – додава Рио.
-
Шпанија21 час
Џентлменски потег: Реал Мадрид со голема почит го испрати Иниеста во пензија
-
Шпанија19 часа
Гути: Нешто не функционира во овој Реал Мадрид
-
Македонија22 часа
ФК Вардар доби унгарски сопственик
-
Германија18 часа
Баерн подготвува „понуда која не се одбива“ за Мусиала
-
Италија21 час
Капело критикува важен играч на Милан: Создава само негативна енергија
-
Англија23 часа
Дефанзивец на Манчестер Јунајтед потврди дека оди на принудна пауза
-
Репрезентација23 часа
Димитриевски во интервјуто за „Марка“: Цела Македонија сонува за една работа
-
Англија16 часа
Палмер го победи Белингам во изборот за англиски фудбалер на годината