Поврзете се со нас

Италија

Вокер го брани соиграчот: Тео не симулираше, судијата го промени натпреварот

Објавено

на

foto: x.com/SerieA_EN

Елиминацијата на Милан од Лигата на шампионите е голем удар за италијанскиот тим и неговите фанови, посебно поради начинот на кој се одвиваше голем дел од денешниот реванш со Феенорд.

„Росонерите“ поведоа рано и имаа контрола врз играта, но ситуацијата се промени по црвениот картон за Тео Ернандез, односно исклучувањето кое Французинот го заработи по симулирањето во шеснаесетникот на противникот.

Искусниот Кајл Вокер го коментирал она што се случувало на „Сан Сиро“ и според него, одлуката на судијата Марчинијак го променила текот на натпреварот.

– Го контролиравме натпреварот во првото полувреме и на почетокот на второто полувреме, имаше само еден тим на теренот во тој период.

– Тогаш судијата ја донесе таа одлука и го промени натпреварот.

– Тео беше исклучен, но не сум сигурен дека симулираше. Според мене, не беше така, имаше контакт, иако не сум ја видел повторената снимка од ситуацијата, – рекол Вокер.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни