Поврзете се со нас

Англија

Вокер ги истрола фановите на Арсенал по победата над Тотенхем (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Кајл Вокер имаше неколку клучни дефанзивни реакции на дерби пресметката против Тотенхем која се одигра вчера во Северен Лондон, но по победата го привлече вниманието и поради изјавата која ја даде за „Скај Спортс“.

Десниот бек тврди дека работата се уште не е завршена и дека најважен меч сега е оној против Вест Хем во последното коло, а иако шампионот ќе се решава во завршната рунда, Вокер не пропушти да се наслади по тешкиот триумф на „граѓаните“ против Тотенхем.

Всушност, англискиот репрезентативец не пропушти да ги истрола навивачите на Арсенал, кои ноќта пред дербито имале пиротехничко шоу пред хотелот во кој требало д бидат сместени играчите на Сити, кои сепак до последен момент останале во Манчестер.

Имено, навивачите на Арсенал залудно потрошиле пари на огрномет и пиротехнички средства, бидејќи експедицијата на Сити се појавила во Лондон непосредно пред мечот и дирерктно допатувала од Манчестер.

– Вчера не можев да спијам, навистина се мачев да спијам…… Кога влеговме во хотелот денеска, но кажаа дека имало огномети претходната вечер. Ние не бевме таму, очигледно е дека не промашија….., – изјави Вокер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни