Поврзете се со нас

Англија

Вокер: Елиминацијата боли, но треба да ја искористиме на вистински начин

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Манчестер Сити не успеа да го добие пенал рулетот со Реал Мадрид во четвртфиналето на Лигата на шампионите и сега може да се концентрира на преостанатите две натпреварувања во кои може да го освои трофејот.

Кајл Вокер како еден од најискусните во составот на Пеп Гвардиола смета дека болната елиминација на пенали треба да биде искористена како дополнителна мотивација до крајот на сезоната.

– Елиминацијата боли, но треба да ја преживееме и оваа болка.

– Имаме добри резултати во Премиер лигата, а сега треба да играме со Челси во ФА купот, па ова што се случи треба да ни послужи како дополнителна мотивација за да направиме нешто специјално до крајот на сезоната.

– Им должиме такво нешто на фановите, а и поради себе, бидејќи работевме напорно цела сезона и не може сега да се откажеме од сите амбиции, – изјавил Вокер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни