Поврзете се со нас

Македонија

„Војната“ продолжува: Тиквеш ќе поднесе тужба против Гостивар за саботажа и клевета

Објавено

на

Тиквеш го совлада Гостивар со 2-1 на првенствениот меч во Кавадарци, но тука овој „меч“ не застана затоа што овие денови имаме „трето полувреме“.

Имаме соопштенија, реакции, обвинувања и препукувања, па така откако вчера гостиварци истакнаа дека биле отруени во Кавадарци и дека се жртви на голема завера, денеска се огласија од ГФК Тиквеш кои истакнаа дека ќе поднесат тужба за саботажа и клевета и за манипулирање на јавноста со вистината.

Ново соопштение од Гостивар: Бевме отруени во Кавадарци, жртви сме на голема завера

Соопштението ви го пренесуваме во целост:

Градскиот фудбалски клуб ТИКВЕШ ја информира спортската јавност во врска со новото соопштение на ФК Гостивар, дека сите нивни информации се невистинити !
Од нивното соопштение разбравме дека фудбалерите и стручниот штаб биле сместени во карантин, но за вистина на јавноста престојувале во хотел во Неготино.
Никој од стручниот штаб на гостите пред почетокот на натпреварот не пријави проблем со фудбалерите, истите беа уредно пречекани и се беше во најдобар се до почетокот на натпреварот.
Исто така имаме информација дека поголем дел од фудбалерите верници на муслиманската вероисповед, се придржуваат кон Рамазанскиот пост.
Управата на ГФК Тиквеш ќе поднесе соодветна пријава и тужба против ФК Гостивар, за изјавените обвиненија, саботажа и клевета кон нашиот клуб, како и за манипулирање на јавноста со вистината, -порачаа од клубот од Кавадарци.
Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни