Поврзете се со нас

Македонија

„Војна“ на релација Агенција за млади и спорт- ФФМ: За ова драг Наумче Мојсовски, се одговара

Објавено

на

Од Агенцијата за млади и спорт (АМС) во текот на вчерашниот ден пристигна информација дека при инспекциски надзор во Фудбалската федерација на Македонија утврдени се низа неправилности во работењето кои се спротивни на Законот за спорт.

Од АМС објавија дека и покрај донесеното Решение со кое се усогласува Статутот на ФФМ со Законот за Спорт, истото не е почитувано од фудбалските власти во земјава.

По ваквите најави од АМС, од ФФМ денеска веднаш излегоа со прес конференција на која претседателот, Мухамед Сејдини го нападна првиот човек на АМС,Наумче Мојсовски за притисоци врз клубовите за неодржување на редовното собрание на ФФМ, како и за изнесување невистини во нивната вчерашна објава.

Во продолжение излагањето на претседателот на ФФМ, Мухамед Сејдини ви го пренесуваме во целост:

– Најмалку што сакаме во вакво време кога се слави македонскиот фудбал и нашите резултати да збруваме за нешто што не е поврзано со играта, но некогаш едноставно немате избор. Пресот го свикавме со една и единствена цел, со факти да покажеме и потврдиме колку не знаат и не се срамат што не знаат. За тоа директорот на АМС ќе одговара.

– Во текот на вчерашниот ден до мене стигнаа шпекулации дека претставници на клубови од македонската лига се повикувани во државни институции и присилувани да потпишат поддршка за бојкот на собранието, уценувани со поделба на ваучерите. Шпекулациите отидоа дотаму што на големо се споменуваше и името на премиерот на државата. Одбивав да верувам на таквите игри се додека не го прочитав соопштението од АМС.

– Во известувањето од АМС се вели дека при изврешн инспекциски надзор во ФФМ се утврдени низа неправилности спротивно со Законот за спорт. За ова, драг Наумче Мојсоски директор на АМС, се одговара. Наведува дека решението било обжалено и после сите институционални и законски процедури, жалбата била тфрлена како неоснована со што Решението стана правосилно и против него не е дозволена жалба.

– Сега доаѓаме до моментот од кој треба да се срамиме ние од начинот на кој постапуваат државните институции, во овој случај највисокото државно спортско тело. Вистина е дека решението на Второстепената комисија е конечно и против него нема право на жалба, но има право на тужба. ФФМ согласно законите поднесе тужба со која поведе управен спор против Државната комисија за одлучување во втор степен поради тоа Решение.

– Бидејќи овој „сакам кажам, не знам речам“ начин на комуникација е нивен избр, а ние на сила сме принудени да се браниме од тоа што не е вистина, тука пред вас и целата јавност ја објавувам пресудата од тужбата против поништеното Решение кое АМС најави дека ќе го спроведува. Пресудата вели дека тужбата на тужителот: ФФМ се УВАЖува. Решението се поништува.

–  За ова НаумчеМојсовски, директор на АМС, треба да знаеш дека се одговара. За ваквиот начин за постапување се известени и УЕФА и ФИФА кои го следат случајот.  Недај Боже, никој од нас не посакува, но чувствувам обврска да соопштам дека ваквото однесување може да донесе квантен скок во македонскиот фудбал и нашите селекции, но наназа. Причината за тоа нема да биде ФФМ или јас како претседател, туку срамното однесување на поединци и институции со цел да се стави рака врз ФФМ, -гласеше излагањето на првиот човек на ФФМ, Мухамед Сејдини.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни