Поврзете се со нас

Англија

„Војна“ и во женскиот фудбал: Капитенот на Јунајтед заминува во ПСЖ за да стане најплатен женски голман во светот

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/ManUtdWomen

Европските клубови поретко успеваат да ангажираат фудбалери од најголемите ривали, но секоја таква ситуација предизвикува голема драма уште по почетокот на шпекулациите, па до комплетирањето на договорот.

ПСЖ не можеше да го задржи Килијан Мбапе и летово мораше да го признае поразот во дуелот со Реал Мадрид, но истовремено Французите ќе се обидат да го возвратат ударот ангажирајќи ѕвезда на некој од другите големи европски ривали.

И додека раководството мерка играчи како Маркус Рашфорд, Ламин Јамал и други играчи со голем потенцијал, успеа да договори сериозен трансфер за својот женски тим, кој исто така е дел од европската елита.

Во Париз летово ќе се пресели Мери Ерпс, досегашниот голман и капитен на Манчестер Јунајтед и девојка која на 31-годишна возраст реши да не го продолжи договорот со англискиот клуб.

Во официјалното објаснување, Ерпс вели дека не се гледа себеси во најавениот транзициски период по доаѓањето на новото раководство на Јунајтед, а англиските медиуми тврдат дека ПСЖ ќе ја направи најплатен женски голман во светот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни