Војдан Стојановски е нов член на француски Гравелин

vojdan penal

Македонскиот репрезентативец Војдан Стојановски денеска потпишал за францускиот прволигаш Гравелин-Данкерк, пренесоа медиумите од Франција.

Стојановски пред еден месец потпиша за По Ортез, но откако клубот не му понуди продолжување на договорот, тој ја прифатил понудата на ривалот Гравелин-Данкерк и таму ќе настапува барем до крајот на оваа сезона.

Откако настапува во францускиот шампионат, Стојановски има просек од 15,3 поени, 3 асистенции и 3 скокови по натпревар, а последниот натпревар против Орлеан го заврши со 20 поени.

Facebook Коментари