Војдан со „шестка“ ја отвори својата приказна во Гравелин-Данкерк

vojdan odbrana

Македонскиот репрезентативец, Војдан Стојановски дебитираше за новиот клуб Гравелин-Данкерк и тоа во дуелот против Дижон во првата француска лига.

Војдан се најде во почетната петорка на домаќините и за 19 минути на теренот реализираше 6 поени со 3 скокови и 2 асистенции. Кога е во прашање пак резултатот, гостите кои се третопласирани на табелата ја оправдаа улогата на фаворити и славеа со 88-80. Пресудна беше последната четвртина која кошаркарите на Дижон ја добија со 25-16 со што си ја отворија вратата за 17 сезонска победа во ЛНБ лигата.

Следната рунда за Војдан и компанија носи тешко гостување кај Лимож.

Facebook Коментари