Војдан „пукаше“ тројки и донесе победа за По Ортез

vojdan

Војдан Стојановски одигра уште еден одличен меч во дресот на По Ортез и тоа на дуелот против Орлеанс во првата француска лига.

Македонскиот репрезентивец беше најдобар поединец на натпреварот со 20 поени (3/3 за еден, 1/3 за два, 5/7 за три) на кои додаде 4 скокови и 3 асистенции, односно беше најзаслужен за победа на домаќините од 82-60. Ова беше уште еден доказ дека нашиот ас се наметна како лидер и воопшто нема да биде изненадување ако биде продолжен неговиот договор до крајот на оваа сезона.

Инаку По Ортез има учинок 8-10, во следното коло го очекува тешко гостување кај лидерот Монако.

Facebook Коментари