Војдан и Олденбург доживеаа неочекувана елиминација во Купот на Германија

vojdan

Македонскиот репрезентативец, Војдан Стојановски со својот Олденбург претрпе пораз од Јена со 94-91 и на тој начин доживеа елиминација во Купот на Германија.

Тимот на Олденбург одигра одлично во првите 20 минути кои ги доби со 53-41, но во вториот дел ситуацијата се промени на теренот, Јена беше далеку подобра и успеа да се избори за победа, големо изненадувaње и пласман во следната фаза во ова натпреварување.

Војдан беше на теренот 20 минути, период за кој реализираше 6 поени со 4 скокови и 1 асистенција.

Facebook Коментари