Војдан: Одигравме одлично во одбраната

vojdan

Македонските кошаркари обезбедија многу важна победа на гостински терен во Попрад, Словачка (74-66) во првиот натпревар од претквалификациите за пласман на Европското првенство во 2021 година.

Нашиот состав одигра квалитетен натпревар во вистински време и направи голем исчекор кон остварување на целта и тоа на теренот на главниот ривал. Голем удел во овој триумф имаше капитенот Војдан Стојановски со 20 поени, 3 скокови и 6 асистенции, па членот на турски Бујукчекмече не го криеше задоволството од остварениот резултат.

-Ова е многу важна и значајна победа, одигравме одличен натпревар пред се во одбраната. Во вториот дел пропуштивме некои отворени шутеви, ама на крајот успеавме да победиме. Тоа е важно за нас, -порача Стојановски.

Сега нашиот состав може да се подготвува за вториот меч, неделната битка со Швајцарија во Скопје во спортскиот центар „Јане Сандански“.

Facebook Коментари