Војдан договори ангажман во Франција

vojdan

Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација, Војдан Стојановски конечно пронајде нов ангажман и тоа во клуб од првата француска лига.

Според информациите Стојановски ќе се пресели во таборот на деветкратниот француски шампион По Ортез кој во моментов е на 15 место на табелата со учинок од 4 победи и 9 порази. Ова за македонскиот репрезентативец дефинитивно е нов предизвик и тоа во држава во која досега нема настапувано што значи пред него е период на адаптација и ново докажување.

Последен клуб на Стојановски беше бундеслигашот Олденбург, а досега освен во Македонија и Германија има настапувано во тимови од Србија, Украина, Шпанија и Турција.

Facebook Коментари