Војдан и Бујукчекмече шокирани од фенерџијата Ушак

vojdan-usak

Тимот на Бујукчекмече од кој дел е нашиот репрезентативец, Војдан Стојановски претрпе неочекуван пораз на домашен терен од фенерџијата Ушак во турскиот шампионат.

Ушак дојде до второто сезонско славје со 84-78 и тоа пред се благодарение на третата четвртина која ја доби со 16 разлика (34-18) по што во последните 10 минути влезе со позитива од 12 поени (68-56) која успеја да ја одбрани.

Хамилтон со 16 поени беше најпрецизен кај победниците, а пак 20 за Бујукчекмече даде Рајт.

Нашиот Стојановски беше дел од стартната петорка, реализираше 7 поени со 2 украдени топки, но и направи 5 лични грешки.

Војдан и компанија во следната рунда му гостуваат на Бешикташ.

Facebook Коментари