Војдан и Бујукчекмече ја згазија Сигал Приштина

vojdan

Македонскиот бек, Војдан Стојановски со Бујукчекмече ја запиша втората победа во групната фаза на ФИБА Еврокупот и тоа над домашен терен против Сигал Приштина.

Косовскиот тим во овој меч влезе со максимален ефект (три од три), но наиде на супер расположен противник кој беше доминантен на теренот и запиша заслужено славје од 86-59.

Рајт со 16 поени и 9 асистенции беше најзабележителен лик кај победниците за кои нашиот репрезентативец Стојановски прокнижи 9 поени, 3 скокови, 3 асистенции и 2 украдени топки.

За гостите Лоренс реализираше 18 поени.

Facebook Коментари