Војдан и Бујукчекмече ја загубија првата битка со Днипро во ФИБА Еврокупот

vojdan igra

Македонскиот ас, Војдан Стојановски со неговиот Бујукчекмече доживеа пораз од Днипро од 89-88 во првиот меч од квалификациите во ФИБА Еврокупот.

Војдан и компанија имаа одличен старт на мечот и првите 10 минути ги добија со 27-14, но во продолжнието гостите од Украина беа подобри на паркетот, поуспешни во сите четвртини и забележаа победа пред реваншот пред своите симпатизери.

Кај турскиот прволигаш Рајт со 25 поени беше најпрецизен, додека Стојановски за 29 минути на паркетот уфрли скромни 4 кошеви со 1 скок, 2 асистенции, 1 украдена и 1 загубена топка.

Прво име кај победниците беше Џуба со 22 поени.

Facebook Коментари