Војдан и Бујукчекмече изненадени од Монс

vojdan

Турскиот претставник Бујукчекмече иако на хартија беше голем фаворит доживеа пораз од Белфиус Монс во второто коло од групната фаза во ФИБА Еврокупот.

Составот од Белгија славеше со 84-79 пред се благодарение на одличното прво полувреме кое го доби со 47-32. Во продолжението нашиот Војдан Стојановски и колегите се обидуваа да се вратат, ама на крајот само се изборија за подостоен пораз пред своите гледачи.

Војдан реализираше 11 поени со 1 скок и 3 асистенции, додека најпрецизен негов соиграч беше Рајт со 18 кошеви.

Сега Бујукчекмече во групата Г има учинок од 1 победа и 1 пораз, следен предизвик е пресметката со Сигал Приштина.

Facebook Коментари