Војдан и Бујукчекмече им се вратија на победите во Турција

vojdan kompanija slavje

Кошаркарите на Бујукчекмече по пауза од повеќе од еден месец дојдоа до славје во турското првенство и тоа над составот на Истанбул ББ со 107-78.

Домашниот тим беше доминантен, повеќе ја посакуваше победата и дојде до посакуваниот резултат со која беше прекината серијата од четири средби без триумф. Вокер и Рајт искомбинираа 55 поени, а пак нашиот Војдан Стојановски даде 9 поени со 3 скокови и 1 асистенција.

За гостите Томпсон реализираше 22 поени.

Facebook Коментари