Поврзете се со нас

Шпанија

Воиграната акција на Севилја од слободен удар служи за потсмев во Шпанија (Видео)

Објавено

на

Севилја игра очајно лошо оваа сезона и позитивна промена не донесе и тренерската смена, бидејќи тимот од Андалузија останува во долниот дел од табелата и со Алонсо како предводник.

По пет реми средби во низа, Севилја денеска претрпе пораз и остана на 15-то место на табелата, но интересно беше тоа што мечот го заврши со девет играчи.

Реал Сосиедад славеше со 2:1 во дербито кое не го довршија Серхио Рамос и Хесус Навас, но овој натпревар ни донесе и приказ за тоа колку изгледа лошо Севилја во овој момент.

Андалузијците во првиот дел се обидоа да спроведат на дело една изработена акција од тренинзите, меѓутоа сега истата служи за потсмев.

Ракитиќ требаше да добие повратна топка од Рамос и да се најде во подобра ситуација за центаршут, но наместо тоа, топката заврши во аут.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни