Во вистинско време и на вистинско место: Муслиу донесе победа за МОЛ Фехервар (Видео)

visar slavi

Македонскиот репрезентативец, Висар Муслиу донесе победа за МОЛ Фехервар во пресметката со Дебрецин во првата лига на Унгарија.

Централниот дефанзивец при резултат 1-1 се најде на вистинското место во 66 минута и со еден одмерен удар ја затресе мрежата на гостите за 2-1 што се покажа и како конечен резултат на оваа средба.

Ова за Мислиу беше втор гол во новата средина, првиот беше во натпреварот против Кишварда одигран во месев август.

Висар како и Бобан Николов ги одиграа сите 90 минути против Дебрецин што значи во добра форма селекторот Игор Ангеловски ќе ги има за дуелите со Словенија и Полска.

Facebook Коментари