Во транс по последниот судиски свиреж: Швеѓаните го урнаа студиото на тревникот, Лустиг изведе урнебесен танц (Видео)

svedska

Шведска е последната селекција која обезбеди пласман на Светското првенство во Русија и тоа откако во бараж битката славеше со Италија со вкупни 1-0.

Швеѓаните победија со 1-0 во Стокхолм за да вчера издржат машки и ја сочуваат мрежата недопрена на „Сан Сиро“, а со тоа да ги остават „аѕурите“ без мундијал за прв пат по 1958 година.

Голема беше радоста на „викинзите“ по овој успех, најдобар доказ за тоа е што го урнаа мини-студиото на тревникот по последниот судиски свиреж, плус специјален танц изведе дефанзивецот Микаел Лустиг.

Facebook Коментари