Поврзете се со нас

Шпанија

Во тимот на Столе Димитриевски кренаа бунт: Не се враќаат на тренинг додека не…

Објавено

на

И во Шпанија тимовите почнаа со тренинзи во помали групи кои ќе треба да траат во следните неколку денови пред и официјално потоа да се соберат цели групи на тренинг сесиите.

Голем број од клубовите го искористија правото и веднаш се вратија на тренинзите за што поподготвени да го пречекаат продолжението на сезоната кое се очекува на 12 јуни.

Сепак не сите тимови се вратија на тренинг. Играчите на Рајо Валјекано одбиле да тренираат затоа што се уште на сила стои намалувањето на нивните плати.

Дел од клубовите во Шпанија за да не банкротираат ги намалија своите плати дури и за 70%, но сега играчите си ги бараат парите назад.

Тие велат дека сега кога се враќаат целосно посветени на работата да им се вратат старите плати, во спротивно нема да реагираат.

На сличен чекор се одлучија и фудбалерите на Елче пред една недела,а управата на клубот им излезе во пресрет и им ги врати старите плати.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни