Во свој стил: Еурофарм загуби минимално од ППД Загреб

djukic

Ракометарите на Еурофарм Работник претрпеа пораз од ППД Загреб на денешниот меч од групата Б во СЕХА лигата.

Како многупати сезоната клубот од Битола загуби минимално со еден разлика и тоа 28-27. „Фармацевтите“ од почетокот на натпреварот едноставно го бркаа противникот кој секогаш наоѓаше начин да се одбрани и да ја сочува предноста, па може слободно да се заклучи дека заслужено го освои целиот плен на дуелот во салата „Боро Чурлевски“.

Хорват со перфекти 10 од 10 беше најдобар играч кај победникот, а пак кај македонскиот вицешампион Остроушко со 7 погодоци ја преводеше листата на стрелци.

Еурофарм се наоѓа на четвртото место со 9 бодови, односно зад Загреб, Мешков и Веспрем со кого се соочува во наредната рунда.

 

Facebook Коментари