Во списокот на новиот селектор на Црна Гора, Пер Јохансон нема место за една вардарка

Per Johanson

Црна Гора доби нов селектор. Неговото име е  Пер Јохансон од Шведска, кој ќе добие задача да ја предводи и да обезбеди добар пласман за црногорките на Светското првенство во Германија.Јохансон и е познат на јавноста како поранешен селектор на Шведска и тренер на Букурешт. Инаку претходникот на Јохансон, Драган Аџиќ, самиот се повлече од селекторската позиција. Црногорската Федерација во соопштението му се заблагодари за придонесот кој го направи за репрезентацијата на Црна Гора.

– Му се заблагодаруваме на Драган Аџиќ кој направи многу за црногорската репрезентација. За нов селектор го поставивме Пер Јохансон, со што очекуваме да се бориме за висок пласман – информираат од ракометната федерација на Црна Гора.

А како по обичај се објвувасписокот на ракометарки кои ќе настапат на Мундијалот за Црна Гора, а капитенката на македонскиот првак ЖРК Вардар, Јованка Радичевиќ е меѓу ракометарките кои се најдоа на скратениот список од 18 ракометарки. Андреа Кликовац не се најде во списокотот на Јохансон, а претходно секогаш беше на списокот на Аџиќ.

Facebook Коментари