Поврзете се со нас

Билијард и Снукер

Во Скопје се одржа обука за национални тренери за снукер и билјард

Објавено

на

Викендов во Скопје се одржа обука и лиценцирање на национални тренери за снукер и билјард.

Овие спортови кои на светската сцена ги живеат своите ѕвездени моменти, се почесто се избор и на македонските љубители на овие игри.

Во организација на Снукер федерацијата и Билијард федерацијата, тројца кандидати се стекнаа со диплома за национален тренер по снукер: Петар Панов, Берат Јашари и Горан Ѓурчиновски.

Курсот го водеше EBSA и WPBSA тренерот Лазар Лазаревски, а во подготовката на материјалите на македонски јазик и подготовка на програмата за реализација учествуваа и Председателот на БФСМ, Диме Маневски, и ЕБСА тренерите Павле Данилов и Петар Колоски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни