Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Во Сити владее позитивна атмосфера: Убедени сме дека можеме да се пласираме во финалето

Објавено

на

Во таборот на Манчестер Сити владее позитивна атмосфера пред утрешниот реванш натпревар против ПСЖ во рамките од полуфиналето од Лигата на шампионите.

По првата средба одиграна во Париз, Манчестер Сити имаат убава предност од 2:1, а според многумина се и големи фаворити за обезбедување на своето прво финале во Лигата на шампионите.

Стоперот на Сити, Џон Стоунс истакна дека во клубот се убедени дека оваа сезона можат да влезат во финалето од најелитното европско натпреварување.

– Оваа сезона имаме огромна шанса да се пласираме во финалето и се надеваме дека ќе го сториме тоа. Се обидовме да ги искористиме разочарувачките емоции од минатите сезони за да бидеме подобри. Прилично сме убедени и убедени сме дека ќе се пласираме во финалето. Ова е голема шанса за нас, мора да влеземе во натпреварот исто како што игравме во второто полувреме минатата недела каде обезбедивме одличен резултат од Париз со два постигнати голови, -изјави Стоунс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни