Поврзете се со нас

НБА

Во САД ќе внимаваат на тренерите на клубовите: Оние кои имаат над 60 години нема да може..

Објавено

на

Во текот на вчерашниот ден беше донесена одлука НБА Лигата да продолжи на 31 јули во Орландо со вкупно 22 тима.

Според планот на комесарот Адам СИлвер, 22 тимови од кои 13 од Западот и девет од Истокот ќе одиграат осум натпревари од регуларниот дел, а ќе има и можен плеј-ин турнир за осмата позиција, а потоа и плејоф разигрување за титулата.

Сега Силвер најави и можност за забрана за учество во натпреварите на тренерите кои имаат над 60 години.

Овие лица спаѓаат во најризичната група и поради претпазливост од коронавирусот мора да се внимава на нив.

– Досега научивме дека младите луѓе се најмалку подложни на вирусот, додека оние над одредена старосна возраст се најзагрозени. Затоа ќе мора да работиме на спроведување на протоколите и на пример, да им забраниме на постарите тренери да ги водат натпреварите од клупата,  -јасен беше Силвер.

Доколку се изгласа ваквата мерка, своите клубови нема да смеат да ги водат Алвин Џентри (65 години, Њу Орлеанс), Грег Попович (71 година, Сан Антонио), Мајк Дантони (69 години, Хјустон), Тери Стотс (62 години, Портланд) и Рики Карлајл (60 години, Далас).

Веќе стигнаа и првите забелешки на оваа одлука откако Алвин Џентри од Њу Орлеанс праша дали се гарантира дека помладите тренери ќе бидат здрави.

– Тоа нема смисла. Како мислат да го водам тимот на тој начин? И дали се сигурни дека сите под 60 години се здрави, -праша Џентри.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни