Поврзете се со нас

Шпанија

Во Реал е само пет месеци, но Белингам веќе знае до кога сака да игра во Мадрид

Објавено

на

Foto:twitter.com/England

Џуд Белингам има шанса да игра во домашната земја само кога настапува за репрезентацијата на Англија, па токму поради тоа, новата ѕвезда на Реал Мадрид тврди дека го дава максимум на секој меч, без оглед на тоа дали се работи за официјален или пријателски.

Младиот офанзивен фудбалер беше извонреден и против Италија и беше избран за најдобар играч на „Вембли“, а по победата од 3:1 и пласманот на Европското првенство, не го криеше задоволството од играњето пред своите сонародници.

– Уживав на теренот и во победата која ја остваривме. Одигравме добар меч и верувавме во пресврт во секој момент. Им покажавме на фановите што можеме да направиме и кога сме во неповолна ситуација. Не играм често во Англија, затоа уживам секојпат кога ќе дојдам тука, го давам максимумот, – изјави Белингам во првото интервју по мечот.

Подоцнам Белингам одработил интервју и за „ЕСПН“, во кое нагласил дека почетната етапа во Реал му помогнала да стана далеку подобар играч од тоа што беше во Борусија.

– Во Реал сум кратко, но сакам да останам во клубот уште 10 или 15 години. Сакам следните 10-15 години од мојот живот да ги минам во Реал, тоа е местото на кое сакам да бидам. Реал ми помогна да напредувам за 100 проценти откако пристигнав во клубот. Менталитетот на играчите кои се крај мене прави да достигнете друго ментално, физичко и техничко ниво, – потенцира Џуд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни