Поврзете се со нас

Шпанија

Во последен момент ги менува плановите: Одегард донел одлука за својата иднина

Објавено

на

Иако многумина го видоа младиот и талентиран офанзвиец, Мартин Одегард во дресот на Реал Мадрид следната сезона, постои можност тоа да не се случи.

Имено, норвешкиот фудбалер кој во моментов настапува како позајмен фудбалер во дресот на Реал Сосиедад сериозно размислувал да прифати уште една позајмица за следната сезона.

Одегард сезонава игра сосема солидно во Ла Лига каде докажа дека може да се носи со товарот играјќи во една од најсилните светски лиги.

Во дресот на баскискиот клуб, Одегард досега има постигнато седум погодоци и има запишано осум асистенции со што дополнително се наметна како можен избор за Реал Мадрид следната сезона.

Сепак, „Марка“ пишува дека на младиот 21 годишен фудбалер во моментов  „проблем“ му прави интересот од Милан.

Италијанскиот клуб го бара на позајмица и е подготвен да му понуди првотимски статус, додека во Реал Мадрид тоа воопшто не му е загарантирано.

Токму затоа, Одегард сериозно размислува да помине уште една сезона како позајмен фудбалер, овој пат во редовите на гигантот Милан кој неколку години се мачи да го пронајде патот до врвот во италијанскиот фудбал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни