Олимписки игри
Во Париз освои три медали, па го смени државјанството
Метју Ричардсон, австралискиот велосипедист, освојувач на три медали на Олимписките игри во Париз, ја промени својата националност и во иднина ќе ја претставува Велика Британија.
Ричардсон е роден во Велика Британија но се преселил во Австралија кога имал девет години поради работата на неговиот татко.
Во Париз освои три медали – сребро во поединечен спринт и кеирин и бронза во екипен спринт на велодром.
По игрите во Франција, Ричардсон се вратил во Англија, каде планира да живее, притоа задржувајќи го двојното државјанство.
„Решив да го спакувам целиот мој живот и да се преселам за да го започнам следното поглавје во мојата велосипедска кариера“ – изјави Ричардсон, чија промена на репрезентацијата беше одобрена од UCI – Светската велосипедска федерација
„Промената на националниот тим беше тешка одлука што не ја донесов лесно“, додаде тој.
Директорот на австралискиот велосипедски тим Џес Корф рече дека потегот е „изненадување“ и дека е „разочарувачки што Ричардсон ќе ја напушти програмата што донесе голем личен и национален успех“.
-
Лига на шампионипред 11 часа
Суперкомпјутерот на „ОПТА“ ги одреди фаворитите за триумф во Лигата на шампионите
-
Светпред 24 часа
Родри: Ќе биде неправедно за Чави и Иниеста, но јас веќе се чувствувам како победник на „Златната топка“
-
Шпанијапред 12 часа
Карвахал понуди едноставно решение за својата иднина, на потег е Перез
-
Мото ГПпред 23 часа
Роси никогаш нема да му прости на Маркез: Никој во историјата не бил валкан како него!
-
Шпанијапред 13 часа
Јамал решил да си купи егзотично животно, но се јавил проблем: Мојата мајка не ми дозволува
-
Шпанијапред 11 часа
Роналдо за очекувањата од Мбапе: Реал Мадрид е поинаква приказна од ПСЖ
-
Англијапред 23 часа
Пеп не е за „модерното време“, можеби и затоа е толку успешен (Видео)
-
Англијапред 22 часа
Капело стравува за летното засилување на Јунајтед: Тој се уште мисли дека е во Италија……