Поврзете се со нас

Англија

Во октомври му беше дијагностициран рак, сега ќе игра во Премиер лигата, а ќе чека шанса и на Мундијалот

Објавено

на

Фудбалерот на Борнмут, Дејвид Брукс се врати на тренинзите на клубот откако ги преброди здравствените проблеми.

Имено, на Брукс во октомври минатата година му беше дијагностициран рак на клетките на лимфниот систем.

Сега откако фудбалерот доби одлични резултати од клиниките на Островот тој се врати во Борнмут и е подготвен за настап во Премиер лигата откако клубот низ Чемпионшип обезбеди враќање во најелитното англиско натпреварување.

– Голема работа за него е што е во нашиот тим. Го даде својот придонес во оваа приказна. Неверојатно е тоа што можеме да му понудиме нешто кое ќе го радува. Цел му е да се врати во репрезентацијата и да заигра на Светското првенство. Се надеваме дека ќе успее, -изјави неговиот соиграч Крис Мемфам.

Дејвид Брукс игра во тимот на Борнмут од 2018 година, а по враќањето на терените ќе има за цел да се врати и во репрезентацијата на Велс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни