Во Милан дојде како ѕвезда, а си оди како лузер: Португалецот Силва резервира карта за последниот тим во Премиерлигата

andre silva

Андре Силва го направи најзанајниот премин во Италија во летниот трансфер период, бидејќи со трансферот во Милан стара второ најскапо засилување во историјата на клубот од „Сан Сиро“.

Младиот суперталентиран напаѓач веќе извесно време беше најавуван како наследник на Кристијано Роналдо во португалската фудбалската репрезентација, а по најголемиот чекор кој го направи во кариерата и премина во редовите на Милан, Андре Силва, кој доби пофалби од спортската јавност, сепак на крај не излезе ништо од неговите бомбастични најави.

Веќе тимот на Милан се спремни да се ослободат од неговите обврски, а тимот на Свонси први се јавиле и го резервирале напаѓачот, кој е пред траснфер во редовите на овој тим. Тие се подготвени да платат 40 милиони евра.

Но,сепак  и друг тим, се вмеша во трката за овој фудбалер, а тоа е тимот од Чемпионшип дивизијата, Вулверхемптон кој има сериозни шанси да се врати во Премиерлигата.

Шансите по се изгледа се заминување во редовите на екипата на Вулверхемптон зошто прв стратег е тренер кој многу добро ги знае квалитетите на овој напаѓач, Нуно Еспирито Санто.

Facebook Коментари