Англија
Во Манчестер импресионирани од новото засилување кое блеска на тренинзите, наскоро добива шанса (Видео)

Во Манчестер Јунајтед се импресионирани од новото засилување, Амад Диало кој во клубот пристигна овој јануари од редовите на Аталанта.
18 годишниот офанзивец веднаш почна да се наметнува на Оле Гунар Солскјер со одличните изданија на тренинзите на сениорскиот тим на Манчестер Јунајтед. Се очекуваше Солскјер да му дава повремена минутажа на Диало, но како што стојат работите, младиот офанзивец многу скоро ќе добие шанса за деби настап на кој ако ги прикажува партиите кои ги прикажува на тренинзите дефинитивно ќе остане подолго во сениорскиот тим.
За разлика од него, другото младо засилување кое во Англија е од летоска, Факундо Пелистри не се наметна толку многу, па следните шест месеци ќе ги мине на позајмица во клуб од Ла Лига.
Шансата која ќе ја добие Амад Диало му пречи и на Даниел Џејмс кој не добива голема минутажа од Оле Гунар Солскјер, па и младиот велшки фудбалер би можел да побара поголема минутажа во друг тим каде би играл како позајмен фудбалер.
На последното видео објавено на офицјиалниот профил на Манчестер Јунајтед може да се забележи фантастичната техника на Амад Диало кој без проблем ја тресе мрежата на голманот на тренингот.
Looking sharp, @AmadDiallo_19 🎯#MUFC pic.twitter.com/bOVCRQuVYF
— Manchester United (@ManUtd) January 26, 2021

- Англијапред 22 часа
Еден од играчите на Челси се налутил на Тухел и одбил да преговара за нов договор
- Шпанијапред 22 часа
Интересен момент по крајот на натпреварот на „Камп Ноу“: Голманот на Елче се возбуди кога Меси му го побара дресот (Видео)
- Лига на шампионипред 24 часа
Вардар конечно победи во Лигата на шампионите, во Скопје оружјето го положи Елверум
- Лига на шампионипред 20 часа
Зидан искрен по победата над Аталанта: Не бевме најдобри иако имавме играч повеќе
- Англијапред 23 часа
Тотенхем тргнува по незадоволниот фудбалер на Манчестер Јунајтед
- Лига на шампионипред 21 час
Менди со супер гол во финишот го проби бедемот на Аталанта, Манчестер Сити без проблем во Будимпешта (Видео)
- Лига на шампионипред 11 часа
Зидан откри интересна анегдота за стрелецот на голот и нагласи: Ова беше воиграна акција од тренинзите! (Видео)
- Лига на шампионипред 12 часа
Бесниот Гасперини со предлог до УЕФА какви судии да делегира во иднина: Ова е самоубиство на фудбалот!