Поврзете се со нас

Македонија

Во Кавадарци ќе никне супер стадион: ФФМ со 300.000 евра за реконструкција на стадионот на ФК Тиквеш

Објавено

на

Од Фудбалската Федерација на Македонија денеска потврдија дека градскиот стадион во Кавадарци ќе добие целосно нов изглед.

ФФМ ќе вложи 300.000 евра за реконструкција на јужната и северната трибина на стадионот на ФК Тиквеш. Потоа  во соработка со општина Кавадарци ќе бидат обновени и модернизирани соблекувалните и останатите простории во рамките на стадионот.

Првиот човек на ФФМ, Муамед Сејдини ја потврди реконструкцијата на стадионот и изрази благодарност до градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

– За кратко време го поминавме патот од идеја до реализација. Сите знаеме колку стадионот и ФК Тиквеш значи за градот Кавадарци. Исклучитено сме задоволни од досегашниот тек на активностите, напредокот веќе е видлив, а следната пролет ќе ја видиме целосната слика од Градскиот стадион. ФФМ обезбеди средства за изградба и реконструкција на трибините на стадионот, а заедно со општината ќе продолжиме да создаваме услови за подобрување на фудбалската инфраструктура. Благодарност до градоначалникот Јанчев и неговата администрација за обезбедувањето на сета потребна документација и можноста да започнеме со реализација на проектот во најкраток рок,- изјави претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни