Во изборот на ИХФ: Циндриќ номиниран за најдобар ракометар на светот!

Vardar-Flenzburg1

Бекот на Вардар, Лука Циндриќ е номиниран за најдобар ракометар на светот во 2017 година во изборот на Меѓународната ракометна федерација (ИХФ).

Циндриќ заедно со Сандер Сагосен (Норвешка), Никола Карабатиќ (Франција), Домагој Дувњак (Хрватска) и Анди Шмид (Швајцарија) доби најмногу гласови од експертите и селекторите. Во конечниот избор свој збор ќе имаат медиумите и навивачите, па и вие можете да го дадете вашиот глас на следниов ЛИНК.

Кај дамите пак изборот е следен: Нора Морк (Норвешка), Стине Бредал Офтендал (Норвешка), Кристина Неагу (Романија), Изабел Гулден (Шведска) и Нике Грот (Холандија).

Facebook Коментари