Поврзете се со нас

Италија

Во Интер шокирани од ФИФА листата: Бараме повеќе почит за нашиот капитен!

Објавено

на

Foto:x.com/Inter

Паралелно од УЕФА и „Франс Фудбал“, ФИФА секоја година си доделува своја „The Best“ награда за најдобриот светски играч, а за 2024-та година беа номинирани 11 познати фудбалски ѕвезди.

Во ситуација кога се очекува главната битка повторно да се води меѓу Родри и Винисиус Жуниор, вредни за напоменување се и другите девет имиња, како и едно кое недостасува и покрај брилијатните 12 месеци кои ги остави зад себе.

Од неразјаснети причини, ФИФА не го вклучи Лауаро Мартинез во потесниот круг за најдобар светски фудбалер, нешто што не е случај со Родри и Винисиус, но и за Карвахал, Халанд, Крос, Белингам, Мбапе, Меси, Валверде, Вирц и Јамал.

Ваквата одлука на интернационалата фудбалска асоцијација предизвика гнев во Интер, од каде побараа повеќе почит за човекот кој беше клучен за историската 20-та титула на Интер, како и за освоената Копа Америка со Аргентина.

– Изненадувачки и разочарувачки е тоа што Лаутаро не е сметан за еден од најдобрите во светот после фантастичната сезона која ја остави зад себе. Неговите извонредни перформанси го водеа Интер до историската втора ѕвездичка, ја освои Копа Америка, а воедно беше и најдобар стрелец во тоа натпреварување.

– Лаутаро заслужува повеќе почит и признание од ФИФА. Отсуството на Лаутаро покажува дека се игнорираат неговите успеси, но и влијанието кое го имаше на теренот. Ова е негативен сигнал за фудбалот, играчите како него мора да добијат признание. Се надеваме дека играчите кои блескаат пред европската и светската сцена ќе бидат повеќе вреднувани во иднина, – порачува Бепе Марота, претседателот на Интер.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни