Во Денвер завршија одлична работа: Големо засилување пристигнува во Колорадо

NBA: Playoffs-Washington Wizards at Boston Celtics

Од таборот на Денвер Нагетс завршија одлична работа откако успеаја да доведат двајца одлични кошаркари, а при тоа се ослободија од неколку играчи од кои заработија пари со кои ќе ги покријат барањата на „селари капот“.

Денвер беше во големи проблеми околу „селари капот“ поради тоа што потпишаа високи договори со Никола Јокиќ (148 милиони за пет години) и Вил Бартон (54 милиони за четири години).

Затоа клубот од Колорадо го прати Вилсон Чендлер во Филаделфија, а Кенет Фарид и Дарел Артур во Бруклин, со што се ослободи од 34 милиони долари и сега нема потреба да плаќа пенали поради кршење на правилата на „данокот за луксуз“. Од Бруклин, Денвер го доби потписот на 23 годишниот Ајзеа Вајтхед.

Челниците на Денвер завршија уште една одлична работа со тоа што во тимот пристигна одличниот Ајзеа Томас. Плејмејкерот кој беше кандидат за МВП во сезоната 2016/17 ќе потпише едногодишен договор со Денвер и ќе биде резервна опција за Џамал Мареј.

Facebook Коментари