Европски првенства
Во Црна Гора пораснаа апетитите: Ќе има и медал

Репрезентацијата на Црна Гора одигра уште еден натпревар за историја откако во текот на денешниот ден на Европското првенство ја совлада селекцијата на Хрватска.
„Коцкестите“ иако имаа големи проблеми со склопување на составот беа фаворити на оваа средба, но Црногорците и нив им одржаа лекција и ги победија со убедливи 32:26.
Ваквиот резултат само е потврда дека победите на Црна Гора против Македонија и Словенија не се случајност и дека оваа репрезентација и тоа како напреднала во репрезентативниот ракомет.
Спортскиот директор на Црна Гора кој против Македонија и Данска ја имаше улогата на селектор, Драшко Мрвалјевиќ најави дека неговата селекција не се откажува тука и ќе атакува на медал од следните големи натпреварувања.
– Неизмерно сум горд на момците кои успеаја да се изборат со сите проблеми и успеаја да израснат во вистински херои. Оваа генерација има огромен потенцијал и сигурен сум дека во блиска иднина ќе се бориме за осојување на медал на големите натпреварувања.
– Апелирам до сите кои можат да помогнат, да го помогнат ракометот во Црна Гора затоа што се работи за спорт кој има огромен потенцијал и перспектива. Ние ќе продолжиме да се бориме како до сега.
– Со голема самодоверба го чекаме дуелот со Холандија. Не е проблем улогата фаворит да ја препуштиме на ривалот, но на паркетот ќе инсистираме на тоа Холанѓаните да не убедат дека се подобри, -изјави Драшко Мрвалјевиќ.
-
Англијапред 14 часа
Клоп: Јас сум виновен за промашениот пенал на Мане (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 10 часа
Таткото на Меси: Се надевам Лео ќе се врати во Барселона
-
Германијапред 11 часа
Мајсторија која ќе се врти: Соиграч на Чурлинов постигна гол од половина терен (ВИДЕО)
-
Италијапред 13 часа
Мурињо во свој стил: Конференциската лига е поважна од Скудетото
-
Македонијапред 6 часа
Инфаркт завршница во Кавадарци: Талески со гол во последната акција го остави Пелистер и без Куп трофејот!
-
Шпанијапред 14 часа
Симеоне ја потврди разделбата со Суарез
-
Шпанијапред 9 часа
Спектакуларниот „џокер“ на Анчелоти: Ќе си го скршам зглобот ако го направам тоа што го направи Модриќ
-
Италијапред 11 часа
Наинголан: Го видовте ли Брозовиќ? Јас тоа да го направев…