Поврзете се со нас

Репрезентација

Во чест на легендата: Сите погодоци на Пандев во дресот на македонската репрезентација (ВИДЕО)

Објавено

на

Македонската фудбалска икона, Горан Пандев и дефинитивно е во фудбалска пензија, информација која ја потврди во интервјуто за „Газета Дело Спорт“.

Пандев се одјави за „Газета“ и официјално замина во пензија, но најави и што ќе прави во блиска иднина!

Популарниот Гоче најавуваше крај минатата сезона, ама остави простор таа одлука да се промени, да го одложи оставањето на копачките, но тој остана на првичните ставови што значи дека струмичанецот со епизодата во Пандев се реши да го заокружи фудбалското патување кое траеше повеќе од две децении.

Напаѓачот освои се што можеше во кариерата, а на крајот му се оствари и најголемата желба и со Македонија заигра на големо натпреварување и тоа на Европското првенство.

Во негова чест погледнете ги сите негови погодоци, мајстории во дресот на нашата репрезентација.

Ако мора да се бира најзначаен дефинитивно тоа е оној во Тбилиси против Грузија за пласман на ЕП.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни