Во чест на Коби: Милано ќе настапи со специјални дресови на завршниот турнир во Купот на Италија (ФОТО)

mesina-milano

Екипата на Олимпија Милано ја очекува настап на завршниот турнир во Купот на Италија, настан на кој ќе настапи со специјално дизајнирани дресови со кои ќе му оддаде почит на легендарниот Коби Брајант кој минатиот месец го загуби својот живот во хеликоптерската несреќа која се случи во Калифорнија.

На дуелот против Кремoна тимот ќе игра со виолетови дресови, додека жолтата комбинација ќе остане во игра за останатиот дел од турнирот.

-Одлучивме да направиме уникатен и симболичен гест: да се повлечеме од нашите традиционални бои за една прилика и да ги носиме оние историски врзани за присуството на Коби Брајант на теренот. Брајант беше ѕвезда која инспирираше милиони спортисти ширум светот за време на неговата легендарна кариера, која започна токму тука во Италија. Да му оддадеме почит уште еднаш е наш начин да му се заблагодариме за сè што направи за кошарката низ целиот свет, -истакна Џорџо Армани.

Дресовите кои ќе бидат употребени во Пезаро потоа ќе бидат дадени на аукција, а парите кои ќе се соберат ќе завршат ќе завршат во фондацијата за поддршка на семејствата на жртвите од трагедијата која се случи на 26 јануари во Лос Анџелес.

Facebook Коментари